Сестрата на младата Викторија Николова која загина на пешачкиот премин кај Сити Мол по вчерашната пресуда на возачот кој ја усмрти нејзината сестра се огласи на социјалната мрежа Фејсбук со потресен статус.
Таа во него како и нејзините родители вчера го искажува гневот кон судската пресуда и нашата држава од која нејзиниот татко вчера рече дека е згрозен.
„Нема утеха! Ниту вчера ниту денес, ниту пак утре!
Довербата е загубена, мојата сестра исто така!
Како да објаснам и да кажам дека чувството е црно,морничаво! Гневот голем,солзите уште поголеми!
Незнам дали некој ја земал во предвид нашата болка! Очигледно НЕ!
Еве земајќи ги во предвид сите околности по оваа пресуда под сите критериуми ние сме оцрнети цела фамилија!
Не страда само еден, страдаме сите! Мајка ми, татко ми, сестра ми, нејзиниот сопруг, внуците, момчето на Викторија, јас!
Кој те чека тебе убиец на сестра ми?!
Никој! Така кажаа! Животот е пред тебе! Со ова пресуда имаш ветар во грб! Имаат сите потенцијални убијци! Но во предвид се земаат олеснителните околности за убиецот, кои што не се споредуваат со нашите, тој не можел да спие, не бил комуникативен, примал лекови, дали некој не праша како ни е на нас? Примал лекови, што да кажам за мојата мајка дали се запрашал колку лекарства таа прима, колку инекции, а да не сте и во кожа каква траума поминува после пресудата?
Тој бил млад имал трауми, јас немам нели? Ама се што се зборува се зборува за него, тој е изгорениот во овој случај.
Си ја признава вината, му е криво, но сакаа да му се ублажи казната, тоа ли е човек, тоа ли е судство?
Посакувам само за миг да можат на своја кожа да осетат како печат тие олеснителни околности и дали толку лесно ќе се изречат ако се работи за нивното чедо!
Дали толку ладнокрвно тој млад живот во затвор ќе ги замени со младиот живот во гроб!
Срам за сите, голем срам за таа држава за тие органи што недај Боже да им паднеш во раце!
Немаше да бидеме задоволни и со 15 години, да немаше!
Но болката ќе беше малку помала.. Утеха дека има мала надеж за оваа судство!
Но сега еве тврдиме дека нема!!!!
Еден живот згасна, друг живее но механички!
Тоа сме ние!
Нашата мака е огромна и со неа можеби спиете мирно!
Можеби не! Ако има некој совесен, изгорен да сфати колкава е таа болка немаше да биде така! Можеме ние но сите заедно да му покажеме на овој систем дека со вакви пресуди го ризикуваат и својот и животот на нивните блиски зошто стануваат потенцијални жртви на сообраќајно насилство!
Престанете со тие олеснителни околносто за дела кој донеле смрт!
Олеснете го обрачот на народот да почне да ви верува и да не се сомнева за вашите одлуки дека биле донесени под други околности!
Крајот е блиску но не е тука!
Покажете ни дека има уште една светла точка во овој мрак и овие три години фрлете ги исто како да не сте ги кажале!
Зошто срамот е ваш!
А со срам не се живее, се ПРЕЖИВУВА!!“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.