СДСМ денеска оддржа уште една прес-конференција со приказ на класична цензура. Овојпат во седиштето на партијата на екс Бихаќка, каде говореше лидерот Зоран Заев. Претходно, тимот за комуникации побара од медиумите прашања за да тој ги одговори.
Курир, поведен од прашањата кои ја интересираат јавноста, постави две прашања за кои сметаше дека ќе објаснат две многу битни работи кои отворија сериозни дилеми за две актуелни теми.
Првото прашање беше: „Добивме ли датум и на кој датум Македонија ги почнува преговорите со Европската Унија?“ Го поставивме за да Заев ја разјасни дилемата, имајќи предвид дека Македонија и Албанија првпат во историјата на дејствувањето на Советот на ЕУ не добија конкретен датум за преговори, туку само „зелено светло“ кое треба да резултира со датум за преговори. Датумот треба накнадно да го определи ЕК која треба да постави и временска рамка за преговорите.
СДСМ и Заев не најдоа за сходно да и објаснат на јавноста дали навистина добивме датум за преговори или само „зелено светло“, а прашањата кои беа прочитани и поставени до него од портпаролката на партијата беа класични промотивни пенали, најверојатно нарачани од „блиски“ медиуми до партијата, а за дел од прашањата не се ни кажа кој ги поставил, што наведува дека во потребата на популизам и себепромоција, СДСМ си ги поставиле сами на себе. На ова логично наведува недостигот на изворот на прашањето.
Како пример, Црна Гора, како и сите останати претходно, кога доби вистински датум за преговори од Советот на ЕУ, доби и конкретен датум за меѓувладината конференција кога тие ќе започнат, 29 јуни 2012 година.
Ова постојано се случуваше и во Влада , дури Заев беше премиер, кога на прес-конференциите право да прашаат имаа и добиваа постојано едни те исти медиуми блиски до власта. Дали неговиот ПИ-АР тим ги задржал и во партија овие севернокорејски манири на цензура на новинарите?
Второто прашање кое го донесе актелната ситуација беше наметнато од скандалозната информација дека министрите во Владата потрошиле неверојатни 8 милиони денари на промоции, репрезентација и патувања во време на вонредна состојба. Веруваме дека граѓаните ги интересира дали Заев ќе ги прекори или дисциплинира своите министри, кои се грото на оваа Влада.
Прашањето кое Курир го испрати до СДСМ гласеше:„ Како претседател на СДСМ, дали ќе побарате одговорност од Вашите кадри во владата, имајќи во предвид дека оваа влада потрошила 8 милиони денари за 4 дена за прошетки и репрезентација во вонредна состојба?“
За жал на јавноста, СДСМ т.е. Заев не одговори ниту на ова прашање, иако веруваме дека интересот каде шетале и трошеле во време на вонредна состојба и дали заслужуваат прекор од оној кој ги поставил, и очигледно се уште ги контолира, е јавен интерес.
Најголемо прашање е зошто не одговори, кога лидерот на СДСМ имаше скоро еден час од испраќањето да се подготви за одговор. Принципот, нелогичен, беше таков – прашањата требаше да пристигнат најдоцна до 10.30 часот, Курир ги испрати и порано од наведениот краен рок. Логиката вели дека во меѓувреме Заев можел одлично да се подготви со својата војска на т.н. ПИ-АР статези за одговор и да поентира, но очебијно, прашањата воопшто не им одговарале, па од десетиците испратени од многуте македонски медиуми, си избрале или си искреирале само неколку прашања кои одлично им ја исполнуваат целта и намената на пропагандата соддржана во одговорите.
Предлагаме, за во иднина да нема ситуација како во Северна Кореја и цензура типична за други земји, прашањата да одат во аудио-форма во живо преку некоја конференциска врска, секако, со ова почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот, но намалувајќи ги шансите за цензура, изживување и партиски мајтап со новинарите.