Краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи се очекуват утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во северозападните делови од државата.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на претежно стабилно и топло време. Делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува во вторник и среда.