Јагода Шахпаска ќе биде новата Министерка за труд и социјална политика. Шахпаска на позицијата доаѓа на предлог на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Минатата година за Шахпаска голем скандал обзнани портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, откако беа откриени неколку случаи на непотизам.
-Се пренесува само по роднини и тоа замислете строго кај функционери на СДСМ. Нивните роднини на функционерите од СДСМ се луѓето кои се вработуваат за натпросечни плати како да нема други стотици илјади граѓани во државата кои што се без работа и бараат вработување. Денес ќе ви презентираме нови жртви од Дизел вработувањето на власта. Замислете, Јагода Шахпаска најверојатно советувана од нејзините колешките Мира Дизел, Милева и Тања Ковачев, си ги вработила својот зет и својата золва. Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, односно сестрата на нејзиниот сопруг, Маја Двојаковска во општина Берово. Очигледно на Шахпаска многу и била погодена золвата, па земала и го вработила својот зет, односно сопругот на золвата, Антонио Двојаковски во Македонски шуми по договор на дело. Најверојатно планот и бил да добие решение после изборите. По примерот на Шахпаска во општина Берово и поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски си ја вработил својата прва братучедка Емилија, истакна Арсовски на прес конференција.