Јагода Шахпаска ги навреди жените. Јагода Шахпаска по примерот на Заев, дополнително и како жена, наместо да се грижи за положбата на жената во општеството таа создава стереотипи, реагираат од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Шахпаска смета дека улогата на жените е да молзат крави.
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза на Шахпаска, тоа е речник кој не одговара функционер кој треба да биде пример за однесување, и кој со своето делување треба да создава простор за целосно почитување и еманципација на жената.
Се додека СДСМ не почне на дело да практикува почитување на жената, а сето тоа е сведено само на празни флоскули се дотогаш ќе имаме потценување на жената, што е неприфатливо“, се наведува во нивното соопштение.