Оваа учебната година ја почнуваме поподготвени од изминатите, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Интензивно се работеше на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготви интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници.
Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на денешната прес конференција, на која говореше за активностите кои МОН досега ги има преземено и за понатамошните планови.
-Министерството за образование и наука сработи навистина многу во насока на исполнување на визијата за национален образовен систем кој ќе нуди квалитетни образовни услуги за граѓаните во сите негови сегменти. Сите активности беа реализирани во таа насока и се посвети подеднакво внимание како на основното и средното образование, така и на високото и науката, рече Шаќири.
Во изминатиот период, потенцираше министерот, со СОНК е постигнато историско покачување од 15 проценти покачување на платите на наставниците за 15% кое ќе почне да се исплаќа со исплатата на септемвриската плата.
– Со нашиот партнер СОНК имаме уште многу заедничка работа во следниот период, а тоа е дефинирање и потпишување на нови колективни договори за основното и средното образование, како и дефинирање на низа заеднички мерки и политики за подобрување на квалитетот во образованието во иднина, додаде министерот.