сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски до сите директори и професори: Да не сте помислиле да им се заканувате на учениците

Шамбевски до сите директори и професори: Да не сте помислиле да им се заканувате на учениците

Поранешниот амбасадор и пратеник Оливер Шамбевски на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека не смее никој да помисли да им забрани на учениците да ја бојкотираат наставата.

-До сите директори, професори и останати -ори во средните училишта… да не сте помислиле да им се заканувате на учениците… да не сте помислиле да им забранувате да протестираат или бојкотираат настава, да не сте помислиле да се обидете да им го кршите духот, прво затоа што бојкотот на наставата е нивно право и второ, бојкотот на наставата е нивно право затоа што проблемот за којшто протестираат е проблем што нив ги засега најмногу и со самото тоа легитимен повод… ако имате проблем со МОН или со не знам кој што ве поставил таму кај што сте, најдобронамерно ви порачувам да не го направите тоа проблем на вашите ученици, туку објаснете им и на МОН и на тој што ве поставил, но најмногу на МЖС зошто ви протестираат децата и потсетете ги што ветуваа кога доаѓаа на власт… ова ви го порачува родител на средношколец, и тоа средношколец кој има здравствен проблем предизвикан токму од загадувањето против кое ќе протестира денес и затоа од се срце го охрабрувам и подржувам!, стои во статусот на Шамбевски.

Најнови вести