Ние мора да дојдеме до еден заеднички содржател во ова општество кој што ќе не мотивира да го направиме општеството подобро. Мене многу ми се допаѓа ова што Христијан Мицкоски го нуди, јас не кријам дека сум близок до ВМРО-ДПМНЕ, но ова што Христијан Мицкоски го нуди во последниве неколку месеци, концептот на новиот патриотизам, кога тој концепт ќе биде соодветно образложен мислам дека навистина тука лежи одговорот на тоа како ова општество да го направиме подобро, како ова општество да го развиеме, затоа што вака како што е не се пишува добро на иднината на ова општество, не зборам за државата но зборам за општеството, истакна Оливер Шамбевски поранешен амбасадор во НР Кина и Италија во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа телевизија.
Тој дополнително го објасни овој концепт и сподели зошто според него ова е концептот кој нуди можност да го обедини општеството.
-Ние мора да размислиме што е она што заеднички не собира во едно општество, што е тоа што прави ние да сакаме да живееме заедно тоа да го истакнеме. Дали е тоа слободата на говорт, дали е тоа мерит системот, дали е тоа економскиот развој, дали е сето ова заедно, дали е тоа слободата на вероисповед, дали е тоа инклузивноста на општеството или сето ова заедно е тоа. Ние мора да го развиеме, да го дефинираме со име и презиме и да застанеме зад тој концепт. Јас верувам дека само тој и таков концепт може ова општество прво да го извади од овој ќор сокак во кој што е длабоко навлезен и второ да го направи модерен, соодветен и составен дел на светот во кој што сакаме да припаѓаме, во случајов Европската Унија, рече тој.