недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски: Под еден- маршот е апсурден до лудило, под два- на Заев веќе никој не му верува и под три- од ова најголем ќар имаше УМС

Шамбевски: Под еден- маршот е апсурден до лудило, под два- на Заев веќе никој не му верува и под три- од ова најголем ќар имаше УМС

Поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски го прокоментира „маршот за правда“ на СДСМ.

-Значи вака сега да Ви кажам… На овој марш луѓето да маршираат ги повика лично Зоран Заев, маршот дополнително го посвети за правда, потценувајќи го здравиот разум на 2 милиона луѓе. И, што се случи? Цела машинерија на сдсм не успеа да извади ни 2000 луѓе… што значи тоа?
Тоа значи драги мои дека… под еден маршот е апсурден до лудило… под два, на Заев веќе никој не му верува… и под три, сериозно од овој марш најголем ќар имаше УМС на ВМРО ДПМНЕ зошто нивната герила акција со Луи Витон торбите пред судот и платната со пораки низ цел град собра повеќе симпатии од сите глупости на владетеливе што протестираа, демонстрираа, маршираа или што и да правеа за правда… ма дај бре хахахаха… односно знаете што… само продолжете така, терајте си!, напиша Шамбевски на Фејсбук.

Најнови вести