сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски: Студентите во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу без парно греење и топла вода, бараме одговорност

Шамбевски: Студентите во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу без парно греење и топла вода, бараме одговорност

Сите сме свесни на празните ветувања, и манипулирањето со студентите кое го направија социјалдемократите во 2017-тата година. Во текот на нивната кампања студентските домови ги споредуваа со затвори и се колнеа дека ќе ги подобрат условите, изјави денеска за медиумите,Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу веќе подолг период нема парно греење, а тоа дека од четврти јануари па се до ден денес во студентскиот дом нема топла вода е тотална неодговорност и потценување на студентите!, вели тој.

– Во 21 век, во 2021 година македонскиот студент наместо да разговара за подобрување на условите во лабораториите, за концептот на образованието, ние се уште разговараме за топла вода. Директоре доста е со замачкување очи, а бидејќи разговараме за топла вода од вас не бараме одговори туку бараме одговорност, посочи Шамбевски.

Најнови вести