петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски: Владеењето на оваа Влада води кон нужни предвремени избори затоа што ова што го прави во државата е нефункционално и штетно

Шамбевски: Владеењето на оваа Влада води кон нужни предвремени избори затоа што ова што го прави во државата е нефункционално и штетно

Владата мора или посериозно да се однесува или да си замине. Очигледно владеењето на оваа Влада води кон нужни предвремени избори затоа што ова е нефункционално, рече Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор на гостувањето во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

„Македонската дипломатија е одраз на властите. Не сум задоволен од дипломатијата, најмалку што можеа да направат е да обезбедат информации и соодветно да делуваат во цела ЕУ, мораше да се употреби мека дипломатија, бидејќи ова прашање не трпи дилетантски пристап“, рече Шамбевски.

Според него излезот од ова е нивно заминување од функциите.

„Главната вина е кај премиер, министер, а не кај амбасадорите. Тие треба да и бидат поддршка да и дадат инструкции. Шетањето претходно им е повеќе за алиби дека ете се потрудиле“, кажа Шамбевски.

Шамбевски се осврна и на немањето пасоши, односно тоа што граѓаните се оневозможени да извадат пасоши.

„Се обидуваат да направат пиар и од нешто што нема врска. Велат луѓето останале тука, па каде да одат во период на пандемија, затворени граници“, рече Шамбевски.

Според него работите и проблемите имаат име и презиме.

„Еве за немање вакцини се знае кои се виновни. Јасно е дека нема вакцини и тешко може да се постигне масовен имунитет“, вели Шамбевски.

Најнови вести