Шефот на кабинетот на новиот директор на ЈП Водовод и Канализација Марјан Митовски кој го назначи Данела Арсовска сее страв насекаде низ претпријатието.
Ова е и видео евидентирано, а на снимката објавена на Фејсбук се гледа како неговиот шеф на кабинет по име Јовче од прв ден сее страв и мава недолжни луѓе по ходници и лифтови.
Водовод инаку е единствено претпријатие со двајца шефови на кабинет на директор, а во постот се вели и дека градоначалничката свесно го уништува претпријатието со поставување на несоодветни кадри.
Инаку од ВМРО-ДПМНЕ поднесе и претставка до Државната комисија за спречување на корупција поради тоа што новиот директор во исто време е и член на Управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“, па со ова Арсовска го назначила на две функции.