сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во Скопје

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во Скопје

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.

Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Македонија, за полесно надминување на овие предизвици.

Најнови вести