Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска не се појави на денешното рочиште во oсновниот граѓански суд Скопје каде требаше да се соочи со Александар Нацев поради клевета објавена на официјалната Фејсбук страница на министерството. На рочиштето се појави само нејизниот правен застапник истакна Нацев по завршувањето на рочиштето.
-Тужбата против министерството за одбрана и министерката за одрбана се однесува за нејзините клевети и навреди на моја сметка кои беа објавени зачудувачки на официјалниот профил на Фејсбук на министерството за одбрана. Крајно недолично за една држава членка на НАТО, пренесува Нацев.
Тој истакна дека изминатите неколку години министерството за одбрана го тресат голем број скандали .
Скандалот за кој што тој пишувал, а потоа го потврдиле повеќе медиуми објавувајќи документи за случајот е поврзан со македонски војници во Авганистан чии безбедносни сертификати истекле во периодот на нивниот престој на мисијата.
Погледнете ја неговата изјава во целост.