понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шест лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Шест лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на тогаш важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот.

Јавниот обвинител за сите нив предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од по 20 евра во денарска противвредност.​

Најнови вести