Ако барателот на мандатот понуди 61, најмалку 61 потпишан пратеник, тогаш е формирано парламентарното мнозинство и тој во таков контекст, претседателот е должен да го даде мандатот, говореше своевремено во 2017 година професорот по уставно право Светомир Шкариќ.
-Оној кој што ќе го побара мандатот, мора на претседателот да му претстави одредена евиденција, барем потписи на пратеници, избрани пратеници кои го сочинуваат парламентарното мнозинство. Ако барателот на мандатот понуди 61, најмалку 61 потпишан пратеник, тогаш е формирано парламентарното мнозинство и тој во таков контекст, претседателот е должен да го даде мандатот и потоа процедурата тече како што е предвидено. Таквиот кандидат што го добил мандатот е должен во рок од 20 дена, да подготви програма, да ја усогласи програмата, да предложи состав на Влада, говореше тогаш Шкариќ.
Шкариќ за доделувањето мандатот на Груевски после изборите во 2016 година за составување на новата Влада истакна дека Иванов тогаш постапил спротивно на Уставот.
-Шефот на државата постапи спротивно на Уставот. Тој го доделува мандатот на партија што има коалиција на партии што освоиле најголем број на пратенички места во Собранието. Тој број е 51, недоволен за оформување на парламентарното мнозинство и во такви околности оној што го примил мандатот добива рок од 20 дена, да види дали може да формира парламентарно мнозинство, истакна своевремено после тогашните парламентарни избори професорот Шкариќ.
Овој дел од говорот на универзитетскиот професор Шкариќ можете да го погледнете подолу во видеото од 8:45 минута: