Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле и заменик-помошникот на државниот секретар и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, наместо в среда како што беше најавено од Стејт депратментот, ќе ја посетат Северна Македонија по Нова година.
Од Амбасадата на САД во Скопје за МИА велат дека добиле известување оти американскиот тим кој денеска е во Косово, ја одложува посетата на Скопје по Нова година. Не се неваедува зошто е одложена посетата.
Според првичната најава од Стејт департментот, Шоле во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Освен земјава, во програмата на Шоле од 11 до 17 декември, беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.
– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, информираа од Стејт департментот.
Заедно со Шоле во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера се наоѓа во посета на Косово.