петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Штипјани се простуваат со сограѓанката која си го одзеде животот: Беше вредна медицинска сестра и прекрасна личност

Штипјани се простуваат со сограѓанката која си го одзеде животот: Беше вредна медицинска сестра и прекрасна личност

На социјалните мрежи, штипјани се простуваат со 22-годишната сограѓанка која си го одзеде животот.

Ја познаваа како вредна медицинска сестра и прекрасна личност.

„Цело време во првите борбени редови за време на пандемијата.
Каратистка, вредна медицинска сестра, прекрасна личност…
А, имаше само 22 години. Почивај во мир“, пишува на Фејсбук страницата Штипска идила.

Таму, штипјани ја искажуваат својата тага. Во коментарите не штедат пофални зборови за оваа девојка која по самоубиството на својот сакан, одлучи сама да си го одзеде животот.

Прочитајте ги последните поздрави до неа:

Најнови вести