вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Штипскиот центар за јавно здравје и Здравствениот дом со брзите тестови за коронавирусот почнуваат од среда

Штипскиот центар за јавно здравје и Здравствениот дом со брзите тестови за коронавирусот почнуваат од среда

Брзите тестови за коронавирусот ќе пристигнат утре во Штип. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека тестирањето со овие тестови ќе биде задача на  здравствени работници од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип.

-Правиме план и се координираме со директорката на Здравствениот дом. Првично планираме тестирањето со брзите тестови да се прави на постојниот пункт за земање на брисеви. Тоа е влезот од паркингот на Здравствениот дом, вели Димитрова.

Тестовите ќе ги добијат утре, а тестирањето со брзите тестови почнува од среда. Димитрова вели дека вчерашната бројка од 51 новозаразени  со коронавирусот  говори дека повторно во штипскиот регион вирусот има замав.

-Имаме заразени цели семејства, колективи во фабрики, но и во институциите. Сметам дека добро е што ќе ги добиеме брзите тестови, бидејќи со нив побрзо ќе одговориме на потребите и големиот притисок од страна на граѓаните, кои чекаат за тестирање, вели Димитрова.

Екипите на Центарот за јавно здравје-Штип секојдневно земаат од 40 до 50 брисеви од граѓани од Штип и соседните општини. (МИА)

Најнови вести