четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боцевски: Што поскоро враќање кон Македонија и кон демократијата

Боцевски: Што поскоро враќање кон Македонија и кон демократијата

Затоа, што поскоро потребно е да почнеме внатрешен македонски дијалог. Зад Заев и зад „Северна…“ не постои воопшто никаква интелектуална или академска заедница што го поддржува или го промовира неговиот погубен концепт, пишува аналитичарот Ивица Боцевски во својата најнова колумна за весникот Нова Македонија.

Во продолжение Ви пренесуваме дел од неговата колумна:

Но македонската мисла сè уште е оптоварена со сеќавањата на внатрешниот судир при „Шарената револуција“ и одбива да излезе од тогаш ископаните ровови. Јас тука јавно кажувам дека воопшто не се осврнувам на целиот отров и на сите претешки зборови упатени кон мене во тој период. Секој од нас има длабоки спомени од тие славни и неславни денови. Сепак, доста беше! „Патриотите“ се бореа за зачувување на Македонија, а „шарените“ се бореа за демократија. И едната и другата борба беше благородна и беше праведна. Но таа војна е одамна завршена, а изгубија и двете страни. Победи Заев, кој ја сотре Македонија и целосно ја укина демократијата во земјата.

Време е повторно да се сретнеме, па заеднички да го дигнеме бајракот на борбата за Македонија и за обнова на демократијата во Македонија. Време е повторно да ги освоиме македонските интелектуални и културни институции, па да ги исполниме со содржина, да им дадеме нов живот, нова полнокрвност, која ќе се изнедри од борбата за Македонија и од борбата за демократија. Време е националните институции повторно да ги помакедончиме и да ги демократизираме.

Јас подавам рака и излегувам од ровот …

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Најнови вести