четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Што се сменило во рок од неколку денови: Александрова, Канческа и Исмајлоска на 15 октомври гласале „Против“ промена на Уставот

Што се сменило во рок од неколку денови: Александрова, Канческа и Исмајлоска на 15 октомври гласале „Против“ промена на Уставот

Само неколку денови пред да гласаат за „ЗА“ ставање на дневен ред на точката за промена на Уставот пратениците Емилија Александрова, Нола Исмајлоска и Елизабета Канческа Милеска на 15.10.2018 година гласале „ПРОТИВ“ ставање на оваа точка за промена на Уставот на дневен ред.

Јавноста се прашува што ли се сменило во тие неколку денови?

Инаку чудно е како претходно пратениците Нола Исмајлоска-Старова и Емилија Александрова на социјалните мрежи го искажаа својот став дека немаат намера да гласаат за уставните измени и да одат против волјата на граѓаните.

-Како што се приближува 30 септември се почесто Референдумот е тема на разговор. Во кампањата ја побарав вашата поддршка и чувствувам одговорност да го споделам својот став. Како пратеник, моја должност е да го почитувам Уставот и да бидат гласот на оние кои ме избрале. Никој не е над волјата на народот, затоа што функцијата треба и мора да биде гласот на луѓето кои живеат во Република Македонија. Верувам во вашата мудрост и немам намера да бидам против вашата одлука на 30 септември, објави Исмајлоска – Старова на Фесјбук додавајќи дека нема да гласа за уставните измени.

Александрова во својот статус вели дека ќе го почитува Уставот и ќе ги брани интересите на Република Македонија.

 

-Како народен претставник непосредно избран да ги застапува граѓаните во Собранието, имам дадено свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија. Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата татковина – Република Македонија, пишуваше пратеничката Емилија Александрова.

Најнови вести