петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Што содржи протоколот кој сега во рамката се вика годишен извештај: Промени во историјата, јазикот, учебниците…

Што содржи протоколот кој сега во рамката се вика годишен извештај: Промени во историјата, јазикот, учебниците…

Најголемиот дел од барањата со кои Софија го условува патот на Скопје кон ЕУ се содржат во ткн. Протокол од меѓувладината комисија.

Тој веќе стана дел и од документите на ЕУ.

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ анализира што содржи овој предлог.

Од моментот кога беше објавен првичниот француски предлог за надминување на бугарската блокада на Македонија во ЕУ, ткн. Протокол односно записникот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија стана една од клучните точки во анализите за (не)прифатливоста на предлогот.

Во последната верзија на францускиот предлог која ја објави и македонската влада, Протоколот повеќе не се споменува директно во Преговарачката рамка. На негово место сега се зборува за „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“. Членот 12 алудира на Договорот за добрососедство кој Македонија и Бугарија го потпишаа во 2017 година.

Овој член има два става. Првиот го регулира формирањето на заедничка меѓувладина комисија. Вториот предвидува таа комисија да одржува редовни годишни средби со цел „ефективна примена на Договорот“, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на спорни прашања.

-Но, Протоколот и натаму си наоѓа место во документите на ЕУ поврзани со интеграцијата на Северна Македонија. Најпрво, тој се споменува во Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во делот посветен на регионалната соработка и добрососедските односи каде, во точката 14, се поздравува „договорот за Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија(…) Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, кои остануваат главни елементи на процесот на проширување како и на процесот за Стабилизација и асоцијација“. Протоколот се споменува и во предлог-заклучоците до Советот на ЕУ со истата формулација како и во Изјавата цитирана погоре, анализира Дојче Веле.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на петочниот брифинг со медиумите потврди дека Протоколот, или Записникот од состанокот кој тој го имаше со бугарската колешка Теодора Генчовска во Скопје на 4 јуни, се уште не е потпишан од македонска страна. Засега нема информации кога тоа ќе се случи, но извесно е дека ќе биде набрзо со оглед на фактот што неговата верификација од двете земји веќе се наведува како завршена работа во документите на ЕУ. Поточно, неговото потпишување е наведено како услов за одржување на првата (политичка) меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел.

Османи притоа рече дека засега нема да ја обелоденува содржината на Протоколот пред македонската јавност, објаснувајќи дека сака најпрво самиот да ја објасни неговата содржина.

Во недостаток на официјален документ од македонска страна, ДВ го презема и преведе Протоколот кој бугарската министерка за надворешни работи Генчовска го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија, во пресрет на нејзиниот настап пред истата на 23 јуни годинава.

Целата анализа прочитајте ја на ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

Најнови вести