петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Што зборуваше Фатиме Фетаи за Јанева во јуни, а што зборува сега?

Што зборуваше Фатиме Фетаи за Јанева во јуни, а што зборува сега?

Пред само два месеци, односно во јуни годинава, обвинителката Фатиме Фетаи застана во жестока одбрана на својата шефица Катица Јанева.

Таа гласно се изјасни дека Јанева го понела целиот товар и дека не сака да биде сменета од таа позиција.

Освен што ја бранеше, таа во гостувањето на телевизијата 1ТВ зад која стоеше Боки 13, ја фалеше и величеше Јанева.

-Дали е фер тие обвинители кои во тој период го ставија својот живот на коцка, на чело со Катица Јанева, таа е првата бидејќи таа го понесе целиот товар во најлошите услови кога ништо не беше извесно, не се знаеше што ќе се случи? Тие луѓе кои се нафатија да направат промени во позитивна насока во државата, да се тргнат, односно да немаат уште една шанса?

На прашањето: „Што ќе се случи доколку ја сменат Катица Јанева, а продолжи некаква форма на СЈО, ќе продолжите да бидете дел од тоа“, Фетаи во јуни одговори:

-Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена, тој човек од јавното обвинителство, кој прв повлече нога за да се направат промени, позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменет од таа позиција? Јас можеби и не сум толку битна, битна е личноста која што го понесе целиот товар во овој 4-годишен период. Ние сите обвинителите од СЈО можевме, ако нешто не ни чини, да си дадеме оставка, да си одиме едноставно. Таа го понесе целиот товар, таа се соочуваше со се и сешто, со притисоци, со закани. Таа, на некој начин ја имаше грижата не само за неа и нејзиното семејство, туку и за сите нас кои нè повика и собра. И реално, не очекувам и не сакам, Катица Јанева да биде тргната од таа позиција, порача тогаш Фетаи.

Јанева во притвор, Фетаи ја смени плочата

Синоќа за Катица Јанева беше определена мерка притвор од 30 дена. Таа е третоосомничена во случајот „Рекет“.

Фетаи веднаш ја смени плочата и излезе со сосема различен став. Сега нејзината шефица не е херој каков што некогаш ја правеше.

СЈО продолжува со работа и дека добро е што секој кој се огрешил пред законот одговара. Ова го кажа денеска Фатиме Фетаи по апсењето на Катица Јанева.

-Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив. Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба, изјави таа околу апсењето на Катица јанева.

Фатиме и претходно беше актуелна кога ја опцу Јанева бидејќи таа наредила претрес на сите кои влегуваат и излегуваат од СЈО.

Најнови вести