Носителката на изборна единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјаноска – Давкова денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за поголемо зеленило во урбаните места за живеење и дека тоа е дел од програмата „Обнова на Македонија“.
„Во обновата оние кои ја читале забележале еден проект кој што се вика јас го нарекувам таму е наречен „Урбана шума“ јас го нарекувам „Скопска шума“ или вардарска шума во кој се планира крај брегот на Вардар да никнат насади заради прочитување на воздухот“, истакна Силјаноска – Давкова.
Дополнително Силјаноска – Давкова како носител на изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека Македонија има огромен потенцијал како во делот на културниот туризам и производство на здрава храна така и во спроведување на ветените проекти за 30% зеленило во секоја општина за што се обврзува ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ со своите проекти.
„Си ја замислувам Македонија а тоа веќе и минатата година го кажав како земја која може да живее од култура, од културен туризам но и која може да живее од здрава храна. Затоа мислам дека идејата за зелени обврзници за 30% во секоја општина зеленило за контрола на бучавата е одлична идеја додаде Силјаноска.
Исто така Силјаноска – Давкова дополни дека во програмата има огромен број на иновативни проекти и посебно во делот на заштита на животната средина и дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ сериозно се обврзува и за намалување на загаденоста на воздухот кој е горлив проблем на граѓаните на урбаните места на живеење.
„Се разбира во програмата има и дел за зелени хотели. Можеби велам ако се научиме да живееме во хармонија со природата, да живееме во хармонија со духовното што сме го наследиле и да го негуваме. Ќе направиме од Македонија пристојно место за живеење“, кажа Силјаноска – Давкова.