Постојниот систем не ги охрабрува ниту вреднува младите луѓе ниту им обезбедува доволно можности за партиципација во одлучувањето, вели универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1.
Младите луѓе се гладни за промена, за современ европски живот, дел од нив дури се и активни во нивната борба “making a difference” и тоа не треба да го карактеризираме како “political” туку како крик на младиот човек, без разлика дали припаѓа на партија или е неопределен партиски.
Младите луѓе, младите претприемачи, се залагаат да одговорат на областа која ја подразбира потребата на општеството, отколку да се зависни од политичка партија или да чекаат само од владата интервенции.
Време е да го почитуваме младиот човек, и тоа, според неговите залагања и вредности, да го поттикнеме неговиот пркос и критички ум, да им овозможиме систем каде сето ова ќе можат да го реализираат самите. Јас се залагам и ќе се борам за создавање услови, младите луѓе самите да можат да се реализираат и изразат автентично, при тоа да бидат квалитативно вреднувани.
Да создадеме услови младите да имаат влијание и да бидат признаени и препознаени во општеството.