вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Една изборна единица не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ, ова е заради еднаквоста на гласот

Силјановска Давкова: Една изборна единица не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ, ова е заради еднаквоста на гласот

Во моментов во европското семејство Словачка и Холандија имаат една изборна единица. Во нашиот регион Црна Гора и Србија“, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Утрински Брифинг“.

Силјановска Давкова додаде дека ова не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ, ова е заради еднаквоста на гласот. Но, потребен е консензус кој за жал тешко се гради.

– Се посочија примери на Косово, каде што не се бара никаков ниту изборен цензус, ниту број на гласови, туку има загарантирани места по едно за помалите заедници. Но, забелешката е тука следнава, едно е кога имате една изборна единица, тогаш полесно ќе дојде до израз репрезентативноста за сите, а друго е кога немате една изборна единица. Значи обично вакви загарантирани места без оглед на добиените гласови за да се одрази општествената состојба има таму каде што нема изборна единица, една изборна единица. Оти ако е една изборна единица тогаш гласот во Струмица и гласот во Скопје за некоја од партија ќе влезат во купот на гласовите, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека не само ДУИ туку и Алијанса на Албанците се изјасни дека не прифаќа една изборна единица. Тие инсистираат на поголем број на изборни единици.

– Тие инсистираат и на нешто друго, наместо шест изборни единици, бараат осум и во проектирањето на изборните единица да се тргне од број на гласови. На пример, има држави дека еден мандат се добива со 10.000 освоени гласови или еден мандат се добива со 12.000 и тоа е дел од Законот. Но, најважното вчера што беше кажано по мене е дека целиот Изборен законик треба да се преиспита. Факт е дека во оваа држава шансите на помалите партии за медиумско преставување, за финансирање, не се исто со оние на големите партии, рече Силјановска Давкова.

Најнови вести