На денешната седница на комисијата за финасирање и буџет пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова истакна дека Владата во предлог буџетот за 2021 година одвои само 0,4 проценти за заштита на животната средина што е вознемирувачко.
-Нема држава во која буџет се носи со обично мнозинство со двотеретинско мнозинство затоа е вашиот однос таков ние сме статисти, зборувајте си ние же си го изгласаме буџетот, нема да се зачудам дури и онлајн ако се изгласа буџетот. Срамота е повторно да слушаме дека има министри кои можеби ги нема на работните места ама ги има по рестораните, мислам дека тоа е непристојно во ова време, нагласи Силјановска.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска -Давкова додаде и дека срамота е со 0,1 процент наука и 0,4 проценти од буџет здрава животна средина.
-Ако не може наука да има со 0,1 процент средства од буџетот, умирам од срам кога разговарам со колеги од регионот со 0,1 наука не бидува, па не бива ни со 0,4 проценти од буџет здрава животна средина. Тоа е она што е вознемирувачко а не само бројките што ги слушаме, заклучи Силјановска Давкова.