среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Секогаш кога се предвидени пратенички прашања се наоѓа причина за нивно одлагање, каква е таа влада која е заштитена од прашување?

Силјановска Давкова: Секогаш кога се предвидени пратенички прашања се наоѓа причина за нивно одлагање, каква е таа влада која е заштитена од прашување?

Секој последен четврток кога се предвидени пратеничките прашања претседателот на Собрание наоѓа причини, настан, да не дојде до пратенички прашања, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија, додавајќи дека последните пратенички прашања во Собранието беа во јули.

Силјановска истакна дека имаат по еднаш неделно пратенички прашање не се дрзнуваат да одложат и максимално го користат периодот, само кај нас каде се предвидени еднаш месечно се одложуваат, а кога ги има не се дозволува да се прекорачи времето од 18 часот, иако за понебитни работи се прекорачува.

– Додека постои една влада постојат сите механизми за контрола меѓу кои и пратенички прашања. Каква е таа специјална влада која е заштитена од прашување, знаете ли каква опасност е тоа за демократијата? – праша Силјановска Давкова.

Говорејќи за влезот на Алтернатива во владата таа посочи дека партијата настана како алтернатива на ДУИ, а сега ќе спроведуваат заеднички политики што е нешто невидено.

– Што е чудното во оваа влада. Алтернатива настана како алтернатива на ДУИ што значи и на СДСМ. Во битката на локални малку требаше да дојде до зовриена атмосфера и до инцидент ако се сеќаваме со Желино со Беса, а сега гледаме дека Алтернатива позајмува програма од оваа коалиција. Нешто што го нема никаде.

Таа посочи дека секоја влада има мандат да го реализира само она за што добила согласност од граѓаните на избори и од собранието врз основа на програмата.

Најнови вести