понеделник, 22. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска – Давкова: Собирањето потписи за поддршка на Зоран Заев не претставува чиста работа, бидејќи дадената оставка преставува строго морален и личен чин

Силјановска – Давкова: Собирањето потписи за поддршка на Зоран Заев не претставува чиста работа, бидејќи дадената оставка преставува строго морален и личен чин

Во уставот не постои отповиклива или неотповиклива оставка. Оставка си е оставка и навистина е многу чудно, кога ќе речете дека си заминувате а тоа не го направите, бидејќи во тој момент знаете што зборите со умот,срцето и со совеста. Невозможно е некој друг да знае повеќе од вас ниту пак да ве премислува за дадената оставка. Тоа може да претставува еден чин на додворување и клиентелизам, меѓутоа нема логика, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Гордана Силјановска Давкова, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа во емисијата ,,Заспиј Ако Можеш,,

Собирањето потписи за поддршка на премиерот Зоран Заев не претставува чиста работа бидејќи дадената оставката претставува строго личен и морален чин. Погледнете само колку министри поднесоа оставки заради лошото менаџирање со Ковид-19 бидејќи животи се во прашање, посочи Силјановска Давкова.

Таа додаде дека неверојатно е да се каже на крајот дека едно се локални проблеми, а друго се проблеми на централната власт, да тие не се исти но тие сепак се врзани садови и локалната власт невозможно е да функционира во еден ваков недемократски политички систем.

Не можеме да велиме дека ние сме Европјани а при тоа да не се однесуваме исто како нив. Потребно е прво да ја поднесете таа оставка, а потоа да излезете на Телевизија и да го покажете документот каде што ја имате депонирано оставката, заклучи Силјановска Давкова.

Најнови вести