недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сиљановска Давкова: Судот од Стразбур донесе 14 пресуди против Бугарија, ама сега од нас бараат да овозможиме недискриминација за Бугарите иако нема дискриминација

Сиљановска Давкова: Судот од Стразбур донесе 14 пресуди против Бугарија, ама сега од нас бараат да овозможиме недискриминација за Бугарите иако нема дискриминација

Врвни правници познавачи велат дека кредибилитетот на ЕУ ќе се соочува или ќе падне на случајот Македонија. Затоа што по 17 години ДА од парламентот и ДА од Европската Комисија и НЕ од Советот, и во последниот извештај што пишува има само евалуација дека кредибилитетот ќе биде загрозен ако не добиеме почеток на преговори, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова на денешната собраниска седница.

– Прашувам дали во било кој извештај во овие 17 години сте прочитале збор за дискриминација на бугарското малцинство Македонија? Не. Дали знаете што кажа Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците? Дека е далеку од европските стандарди, рече таа.

Сиљановска Давкова истакна дека Судот од Стразбур донесе 14 пресуди против Бугарија, ама сега од нас бараат да овозможиме недискриминација иако ја нема дискриминацијата.

– Дали во спогодбата на Бугарија со Македонија се бара внесување на Бугарите во Уставот? Не. Дали кога не признаваа поставуваа ваков услов? Не. Дали во 1999 поставија ваков услов? Не, посочи Сиљановска Давкова.

Таа истакна влезот во ЕУ дека ова требаше да биде обединувачки фактор, но власта не дозволи опозицијата да учествува во градењето стратегија со Бугарија.

– 30 години ги изгубивме на историски прашања, и ако читате во следните 10 или 15 нема да има прием, објаснете ми дали некогаш не сме биле поподелени? Ова требаше да биде обединувачки консензус, но тој се гради во комисијата за европски прашања, во комисијата за надворешни работи, во националниот комитет, рече таа.

Сиљановска Давкова појасни до каде одат бугарските барања што бараат во Декларацијата на Бугарија заштита на Бугарите во Албанија иако такви нема според пописот во Албанија.

– Чии права ќе штитат? Ако Гоце Делчев роден во Кукуш, бил Бугарин зошто Бугарија не бара заштита на Бугарите во Грција, вели Сиљановска Давкова.

Најнови вести