Гордана Силјановска Давкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за избор на влада изјави дека СДСМ само ја повтори програмата од 2016 затоа што тоа што го вети тогаш не го исполни, додека пак сега наградува партиски функционери за министри и измислува министерства кои не постојат.
– Најболно беше прашањето за името, неодвоиво од прашањето на идентитетот, дека се работи за армиран бетон, а слушнавме од личност која е важна за НАТО, господинот, Роб Бауер, командант на вооружените сили на Холандија, чија дикција беше нагризување на бетонот, тој употребува Северномакедонци. Тој е тој нов концепт и понатаму во иднина може да очекуваме тоа име да се одразува на идентификацијата на нацијата, рече Силјановска Давкова.
Таа истакна дека програмата на владата нема карактер на програма, нема стратегија во секое министерство, цели, актери, временска рамка, проекти, а нема ниту стратегија како би оделе во ЕУ, а се вели дека сме на прагот.
– Што со договорот со Бугарија? Дали ќе не попречува? Што понатаму со Преспанскиот договор? Дали сега ние имаме концепт што ќе правиме? Во 26 амбасади немаме човек, како во мултилатерала и билатерала ќе бидеме активни?, вели Силјановска Давкова.
– Владата е машка, а тука имаше феминистки кои маршираа, а како само 4 се, наспроти 16 мажи, против сум вечното менување од пратеник во градоначалник и во министер, тоа е опасно. Ги гледам колегите за внатрешни и за одбрана, а најопасно е да бидете на таа функција повеќе пати од познати причини и не постои министерство за политички системи и односи меѓу заедници, тоа е измислена категорија, а оној предлог за министер кој ќе управува за справување со корупцијата апсолутно е незамислив, затоа што министрите се потенцијални клиенти во корупцијата и тоа мора да биде тело надвор, имаме Антикорупциска комисија, нагласи Силјановска Давкова.