Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска беше дел од трибината на темата „Моќни жени во политиката, родова еднаквост, предизвици и можности за Македонија“.
-Трибина: Моќни жени во политиката, родова еднаквост, предизвици и можности за Македонија, Парк жена борец, со Рашела Мизрахи, Нела Ташковска, Велика Стојкова Серафимовска.
Јас сум обична жена. Минатата година кога ја отпочнавме кампањата ми велеа да се појавам на пазар. Да ме видат гласачите како сум блиска со нив. Нема потреба – им велев, јас сите пазарџии си ги знам, пазарувам за семејството.
Бидејќи сум една од вас, многу добро знам дека патот на жените е потрнлив, работата е потешка за да се постигне истиот успех. Тоа не прави посилни, но и не обврзува нас кои се одважуваме да влеземе во политиката, да ги промениме законите, институциите и да влијаеме на промена на ставовите за да идните генерации, нашите ќерки и внуки со ист труд да постигнат ист успех како машките членови на нашите семејства, на нашата заедница.
Светот може да се види и со машки и со женски очи, но најбитно е заедништвото. Се обврзуваме со Обновата да направиме промена, да промовираме заедништво во раководењето
40% жени во Владата и на назначени позиции.
Да промовираме еднакви улоги на мажите и жените во семејството и во општеството, да разбиеме стереотипи и се бориме со сексизам кој им оневозможува на жените да успеат на позиции кои традиционално се гледаат како машки: инженерки, кодерки, управувачки со енергија итн. На тој начин ќе влијаеме и на намалување на јазот во платите меѓу мажите и жените и ќе влијаеме иднината на работата да биде и женска.
Ова не значи дека ќе ги заборавиме текстилните работнички, за чии права лично ќе марширам прва секогаш!
Но, најбитно Обновата сфаќа и промовира демократија во која мажите ќе ги застапуваат правата на жените и обратно жените на мажите, тргнувајќи не од полот туку од срцето; од умот дека само еднакви општества имаат развој и иднина, вклучително одразена и во деца и пород!
Започнуваме нова ера. Камбаните за жените овој пат чукаат, да си ја земеме судбината во свои раце и во родов дијалог со мажите да ја направиме Македонија поеднаква, попросперитетна!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Трибина: Моќни жени во политиката, родова еднаквост, предизвици и можности за Македонија, Парк жена борец, со Рашела…
Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Wednesday, July 8, 2020