недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска до Пендаровски: За ДУИ зборевте дека се вазали и криминалци, сега ви даваат консензуална поддршка, заевизмот и ахметизмот добиваат форма на сталинизам

Силјановска до Пендаровски: За ДУИ зборевте дека се вазали и криминалци, сега ви даваат консензуална поддршка, заевизмот и ахметизмот добиваат форма на сталинизам

На последното телевизиско соочување на кандидатите за претседател на Република Македонија, професорката Силјановска остро кон Пендаровски во однос на употребуваната реторика во 2014 година која што тогаш кандидатот на власта ја употребувал кон албанците.

-Во 2014 година јас немав никаква политичка улога, но вие имавте жестока реторика употребувавте изрази за претставниците на ДУИ како вазали, амнестирани криминалци луѓе кои не заслужуваат, немаат беса, немаат збор, епа тогаш капањата оди рака под рака со оној кој што ви дава консензуална поддршка. Запрашајте се тогаш зошто прашањето кон господинот Река за истиот извор се врзува за исти политичари, вели Силјановска кон Пендаровски.

Таа исто така истакна дека заевизмот и ахметизмот се како облици на авторитаризам, тоталитаризам наследени од титоизмот и тие сега си добиваат една форма на сталинизам.

-Ве уверувам дека во извештајот за овие избори ќе биде споменат билбордот пред Сити Мол, вели Силјановска, мислејќи на билбордот како негативна кампања, со кој се повикуваат граѓаните ако гласаат за Силјановска, гласаат за груевизмот.

Најнови вести