На денешната дебата помеѓу кандидатите за претседатели на Сител Телевизија кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова кажа дека економската дипломатија е врвен предизвик за секој претседател.
Таа истакна дека како претседател на Република Македонија планира да се опкружи со компетенти луѓе од оваа област кој критички ги анализираат економските процеси. Гордана Силјановска Давкова кажа дека доколку претседателот соработува континуирано а истакна дека како кандидат за претседател ветила дека првата средба ќе биде со претседателот на Стопанската комора на Македонија и со стопанствениците позитивни резултати мора да има . Таа кажа дека на ваков начин идниот претседател ќе знае каде да ги насочи своите акции во делот на економијата .
Кандидатот за претседател Силјановска Давкова појасна дека доколку претседателот се опкружи со компетенти луѓе кои извонредно ги познаваат економските перформанси на земјата во која што се оди со намера за да се привлечат инвестиции веројатно дека тоа ќе резултира со голем број на склучени зделки.