среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: И по две години власт економски развој нема, а најспособните заминуваат од Македонија со билети во еден правец

Силјановска: И по две години власт економски развој нема, а најспособните заминуваат од Македонија со билети во еден правец

Кога верувате во право и правда во Македонија и за Македонија на правата страна сте, затоа ние правниците зборуваме за правен лек, правните лекови ја прават лошата политика подобра, ама лошата политика не може да го згази правото, лошата политика треба да се санкционира, тие нон стоп зборуваат за политика, а ние нон стоп ги предупредуваме на правото, ама правото е пред политиката, оти политиката ако не е ограничена со правото и ако таа не е врамена во правото таа ќе доведе до дискрециони овластувања и до постапувања што не водат сметка за човековите права, ова вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Овие две и пол години се изнагледавме неограничена политика, незауздана политика, а последиците ни се познати. Денешните истражувања и анкети покажуваат дека граѓаните во Македонија на прво место во својот живот ја ставаат економијата и економскиот развој, а него го нема. Се фалат дека биле сјајни, сите ги сакале, а дури и нобелова награда за мир ќе им доделеле, ама народот не мисли така, се повеќе млади си заминуваат, повеќе од 80 проценти од најумните и најспособните за Македонија заминуваат во еден правец. Замислете колку вложила оваа земја во нивното образование, ама замислете колку ни се потребни, додека ним не им се потребни најумните, најдобрите и најпосветените, тие имаат потреба само од послушни и партнери во нивниот бизнис, бидејќи се колнат во Преспанскиот Договор, затоа што во тоа гледаат алиби за богатеење, вели Силјановска.

Таа додава дека секој ден слушаме како фамилијата добила уште некој бизнис, секој ден се дознава за некој нов скандал, додека економијата е на дното во регионот.

-Странците нашиот економски амбиент го оценуваат со нула, ама економскиот амбиент не постои сам за себе и тој не постои во џунгла, тој вирее во правна држава во која има извесност за капиталот, а капиталот бара квалификувана работна сила која си заминува, бара правила на играта, добро образование, а него го нема, бидејќи ним им треба фабрики за дипломи, зошто само таквите ги вработуваат во администрацијата, вели Силјановска.

Инаку целиот митинг кој се уште трае можете да го погледнете во продолжение:

Најнови вести