Кандидатот за претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
-Студентите обично ги среќавам во нашиот заеднички дом: универзитетот! Денес ме поканија во нивниот втор дом, студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да ги видам условите во кои живеат и учат кога не се во училницата. Насмевките и поддршката од овие луѓе се должи на нивниот оптимизам и желба да се борат за подобра Македонија во држава која ќе ги цени нивните способности и резултати. Она што не се гледа на фотографиите се тешките услови за студирање, нискиот студентски стандард и сето она што ги оптоварува младите денес. Им благодарам за убавите часови поминати со нив во кругот на студентскиот дом и во кафе-ресторанот „Форца“, за сите идеи што ми ги дадоа, и за пораките кои ги носам со себе, до крајот на битката за право и правда, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.