четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Не очекував добар исход од формирањето на СЈО, особено кога беше јасно кој ќе застане на чело на истото

Силјановска: Не очекував добар исход од формирањето на СЈО, особено кога беше јасно кој ќе застане на чело на истото

Јас не очекував добар исход од формирањето на Специјалното јавно обвинителство, особено во моментот кога беше јасно кој ќе застане на чело на овој орган, изјави во вечерашното гостување во емисијата„Клик плус“ на ТВ21 професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Гледам овде го наведувате извештајот на Греко за четвртиот круг на евалуацијата што препорачува и вели јасно „стандарди за професионално однесување и така натаму, интегритет, дигнитет“, ништо од тоа, јасно беше од стартот дека го нема, неможе да го препознаеме кај специјалната јавна обвинитлка, рече Силјановска.

-Jас не ја носев на градите, тоа е погрешно, јавни обвинители не се покажуваат, не држат истраги пред камери, тоа е непознат феномен, но во тој момент се мислеше дека треба да се стави крај на филозофијата на несанкционирање и да се истера правдата и дека е тоа потребно, истакна универзитетската професорка Силјановска.

Најнови вести