По низата на провокации од страна на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова во дебатата на телевизија Сител истакна дека никогаш не правеле разлика помеѓу луѓето врз етничка или верска основа. Имено професорката истакна дека секој свој митинг го започнува со зборовите граѓани на Република Македонија и дека од секогаш била застапник на граѓанскиот концепт.
-Јас никогаш не сум кокетирала. Секогаш сум била за граѓански концепт. Луѓето ги разбирам како индивидуи кои треба да бидат еднакви пред Уставот и пред законите. Не почитувам поданичка политичка култура. Значи постојано велам сите ќе ги вклучам околу мене врз основа на стручност и компетентност прво, а потоа врз основа на принципот на правична застапеност, вели таа.
Силјановска посочи дека за разлика од Пендаровски никогаш не ги навредила Албанците и секогаш се обраќала со почит кон сите граѓани на Република Македонија.
-Јас не сум говорела за членовите на ДУИ и Албанците како чираци во криминалот. Јас никогаш не сум употребила таков израз. Меѓутоа да одговорам, нема собир кој не сум го почнала со граѓани, граѓанки, Македонци, Албанци и сите останати, потенцираше професорката.