На денешната седница за избор на влада, професорката Гордана Силјановска го искара претседателот на Соранието Талат Џафери, па му посочи дека тој не може да биде парламентарен командант туку претседател на собранието, па брзањето и грешките во однос на верификацијата на мандатите и итното свикување седница е резултат на неговото непостапување.
-Во историјата на парламентарната демократија освен ако не ја рачунате она вашата од 2016 година не се случило да имате три дена за читање на програма на влада, од кој едниот од тие денови беше празник, вели Силјановска.
Таа посочи дека Членот 68 од Деловникот вели дека барем 10 дена треба да поминат за да било која точка се најде на дневниот ред, а оваа седница била брза непарламентарна и демократија, не може избор на влада да е точка која бара итно свикување на седница.
Силјановска го искара Џафери дека ваквото брзање било резултат на неговото постапување, а не на пратеничкото однесување, па замоли да не се третираат пратениците како послушни војници.
-Вие не може да бидете парламентарен командант, туку претседател на Собрание, критикуваше Силјановска.