Силјановска Давкова му честиташе на Блерим Река за изборите.
– Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река. Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата. Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг, напиша таа.