Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во изјава за ТВ Сител, потенцира дека Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но имало преседани.
-Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со МВР и Министерството за одбрана може да раководи само цивилно лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал функција во полицијата или во одбраната, потребно е да поминат најмалку 3 години за да може тој да биде министер за внатрешни работи или за одбрана, така вели членот 97, рече Силјановска и додаде:
„Има држави како Турција или Руската Федерација, Азербејџан каде што и воени лица може да бидат на чело на министерство за одбрана, но она што сакам да го потенцирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата на преседаните. Некогаш беше министер за внатрешни работи Силјан Аврамовски, значи на него не се примени членот 97, истото важи и за министерот Митко Чавков, а во моментов истото важи и за заменик-министерот за одбрана Беким Максути“.