недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Законот за јазиците во многу елементи е неспроведлив што значи дека може да го загрози и владеењето на правото

Силјановска: Законот за јазиците во многу елементи е неспроведлив што значи дека може да го загрози и владеењето на правото

Кога се во прашање извештаите и мислењата на Венецијанската комисија, јас имам искуство и знам како ги пишуваме заклучоците. Значи Венецијанската комисија прво кога дава мислење ги цени стандардите и ако е нешто под стандардите тогаш е жестока, а ако е нешто над стандардите тогаш тоа ќе го потенцира, ова вечерва во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21 го истакна професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Првиот заклучок на Венецијанската комисија мора да се чита заедно со вториот заклучок. Имено иако вели дека во однос на законот од 2008 година овој текст оди далеку над веднаш констатира нешто друго. Во Венецијанската комисија е изработен еден документ кој што се вика чек листа во функција на оценката на било кој текст ќе дојде пред неа дали низ призма на остварливоста може да доведе до владеење на правото и заклучокот овде е дека е сигурна и дека овој закон не може да доведе до ефикасна реализација јас тоа уште поостро го велам во многу елементи е неспроведлив што значи дека може да го загрози и владеењето на правото, вели Силјановска Давкова.

Таа додава дека со многу брзина се одвивала постапката за испраќање на овој закон иако Венецијанската комисија е комисија за демократија преку право.

-Процедурата е основна гаранција за правото, таа тука потенцира дека се работи за закон од многу широк јавен интерес и дека постапката што се спроведе е недозволила и сега повикува на друга постапка, вели Силјановска Давкова.

Таа одговорно тврди и дека овој закон за употреба на јазиците има сериозни проблеми со уставноста на решенијата и тоа ќе го оценува Уставниот суд.

-Или законот го пишувал некој кој не е правник, или пак бил напишан од некој однадвор и преведувам бидејќи е номотехничка катастрофа, законот нема преодни и завршни одредби и тоа е недозволиво. Законот не прави разлика меѓу закони што се носат со двотретинско мнозинство и овој закон што се носи со обично мнозинство, рече Силјановска.

Најнови вести