среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силување на правото, циркус координиран од власта- правните експерти едногласни за наредбата на Јанева за предавање на предметите на СЈО во ЈО

Силување на правото, циркус координиран од власта- правните експерти едногласни за наредбата на Јанева за предавање на предметите на СЈО во ЈО

Не постои законски основ да редовните јавни oбвинитeлcтвa ги превземат предметите кои се започнати од СЈО, ова е одговорот кој правната фела уште од првиот ден го даде на прашањето дали Јавното обвинителство може да ги превземе предметите на СЈО откако Катица Јанева од притвор даде писмена наредба тоа да се случи.

Клучната пречка за ова да се случи се наоѓа во Законот за СЈО кој што е се уште на cила. Адвокатот Јанаки Митровски потенцира дека никаде, во Законот за СЈО не е дoзвoлeнo ниту предвидено дека еднаш воспоставена надлежност на СЈО може да се врати во редовните јавни oбвинитeлcтвa. Од тука, одлуката на Катица Јанева или пoлнoмoшнo како сакате наречете го, е нeзaкoнитo, додава тој.

Адвокатот Митровски во повеќе наврати потенцираше дека постои одредена координација меѓу Јанева и извршната власт, делумно и републичкото oбвинитeлcтвo.

Дојде крајот на СЈО кое беше злоупотребено само за да се турне ВМРО ДПМНЕ од власт, вели професорот Гордан Калајџиев кој е дел од работната група која толкуваше писмото на Катица Јанева која го испрати од притворот во Шутка.

-Јанева не може да се однесува „после мене потоп“ смета Калајџиев, уште помалку од притвор да му налага на државниот обвинител и на обвинителите од СЈО, предметите да се предадат во ОЈО, вели тој.

Калајџиев како што напиша единствениот во работната група која ја собра Дескоска кој се противи на одлуката предметите на СЈО да бидат предадени во ЈО.

-„Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува после потпо туку лепо фино и убаво ќе си одбере нов јавен обвинитеч за што не постои интерес, не постои интерес да македонија има независна самостојна и автономна институција која што ќе се бори против висока корупција на крај, морам да признаам дека СЈО се оформи само за да се турне ВМРО-ДПМНЕ од власт и ништо друго“, потенцира Гордан Калајџиев универзитетски професор.

Професорот кажа посочи дека и нему многу нешта не му се јасни, но оти „јасно ми е дека е донесена одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причини“.

-Не се изјаснува ни меѓународната заедница, на состанокот имаше претставници од амбасадата на САД, на СЈО, сите тие изглоа од задниот влез, треба и нив да ги прашате нив. Очигледно е дека идејата да се формира СЈО не беше моја, беше на САД. Тие се фактор. Во кој момент тие и ЕУ се откажаа. Идејата беше законот за ЈО да не се бутка само како закон на хартија, туку да се обезбеди да опстои СЈО на потрајна основа. Кога се откажаа од таа идеја, стои гол закон и со право сме сите збунети. Мислам дека тој закон не треба да се носи набрзина, треба да продолжи законот за СЈО и не знам кој ќе одговара зошто не е избран специјален обвинител. Треба да се завршат барем предметите за кои се суди.

За правните експерти проблематична е и веродостојноста на писмото на Јанева со оглед на тоа што никој ја нема потврдена веродостојноста, односно истото не е заверено на нотар или од судија на претходна постапка.

За „АлфаТВ“ адвокатот Еленко Миланов за писмото на Катица Јанева вели дека ако некој сакаше да постапува според писмото, требаше да Јанева да побара да таквиот документ со печат биде донесен, и да го направи во присуство на судијата на претходна постапка, нотар или било кој и да го завери. Е дури тогаш има потврда дека е тоа нејзин документ, нејзино писание кое можеби би можело воопшто да биде пуштено во правниот промет.

Најнови вести