понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Симеонов: Јавното здравство има лоша организација, резултати се чекаат и по неколку недели

Симеонов: Јавното здравство има лоша организација, резултати се чекаат и по неколку недели

„Разликата помеѓу јавното и приватното здравство е во организацијата на здравствениот систем. Приватното здравство е добро организиран здравствен систем каде пациентот добива брза и ефикасна здравствена услуга, тоа е заради персонализираниот пристап“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Симеонов на денешната панел дискусија за „Здравство“ во рамки на „Пораки од реалниот живот“.

Тој додаде дека во приватна болница секој вработен има свое ефективно работно време.

„Во приватна болница секој вработен има ефективно работно време, тоа е главниот предуслов и главната разлика помеѓу јавно и приватно здравство. Во јавно здравство има поединци кој имаат ефективно работно време, меѓутоа има и поединци што не знаат што да прават сами со себе во тек на работниот ден“, кажа Симеонов.

Тој е истакна дека во приватна установа резултати од испитувања се добиваат веднаш истиот ден додека пак во јавна установа тоа се чека со недели.

„Во приватна здравствена установа може за еден ден да се направи специјалистички преглед кај доктор по избор, комплетни лабораториски анализи и резултати од тие анализи, радиолошки испитувања, магнет, компјутер, ехо и да добиете резултати за тие испитувања за разлика до јавно здравство каде правите денес радиологија а после 2-3 недели добивате резултат што не е во ред“, посочи Симеонов.

Најнови вести