Бројот на оние што одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење и се попишуваат. Оние што повикуваат на бојкот, главно преку социјалните мрежи, не ѝ мислат добро на државата, вели првиот човек на Државниот завод за статистика.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека процесот на попишување се одвива со посакуваниот интензитет и без проблеми. Тој очекува до утре да бидат попишани еден милион граѓани.
-До вчера се попишани точно 800 008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од еден милион попишани граѓани. Бројот на оние што одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење и се попишуваат. Оние што повикуваат на бојкот, главно преку социјалните мрежи, не ѝ мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција, рече Симовски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета во Дебар.
Заедно со соработниците тој имаше средба со пописната комисија, како и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
-Целта на нашата посета беше одблизу да се запознаеме со текот на пописните активности во пописниот реон 24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа. Можам да кажам дека овдека пописот се одвива според планираната динамика. На ова подрачје досега не е регистриран случај на одвивање некој да биде попишан, рече Симовски.