понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симовски: Имаме скафандери, мантили, маски, дезинфекција…, пописот може да започне

Симовски: Имаме скафандери, мантили, маски, дезинфекција…, пописот може да започне

Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето. Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато, објасни дел од протоколите за попис, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој нагласи и дека попишувачот мора да носи маска, да дезинфицира рацете пред да влезе, но и да ги замоли домаќините да стават маска.

Според Симовски, ако некој не биде пронајден во својот дом ќе му се остави известување за следна посета. (МИА)

Најнови вести