недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Симовски најавува можно одложување на пописот

Симовски најавува можно одложување на пописот

Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, кој треба до година да го спроведе националниот попис, одговарајќи на новинарско прашање, вели дека е можно одложување на оваа операција, која инаку е планирана да се изведе во април следната година.

Како причина се наведува тоа што се уште не може да се изнајде консензус помеѓу владеачкото мнозинство и опозицијата за да биде изгласан законот а зацртаниот рок одамна е одминат.

„Дали тоа ќе биде во април или нешто подоцна не знам, но ќе мора да го спроведеме. Се надевам дека ќе има попис во најскоро време, зашто тоа е нешто што е во интерес на сите граѓани на државата, а не во интерес на која било политичка опција во Парламентот“, рече Симовски.

Симовски ги повика пратениците да најдат разбирање и време за да се посветат на што поскоро донесување на законот за спроведување на пописот, бидејќи оваа операција, како што вели тој, дефинитивно ни е нужно потребена и мора да се спроведе бидејќи е од исклучително значење за државата и за сите граѓани.

„Ова е исклучително важна операција за целата држава и за сите граѓани во неа, така што се надевам дека парламентарците ќе најдат разбирање и време да се посветат на ова прашање и законот да се донесе што е можно побрзо. Се разбира нема пропаѓање, затоа што може да има само одложување на пописот“, смета Симовски.

Најнови вести