сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синадиновска Арсовска: Еден прст покажан кон виновникот покажува три прста вперени кон себе!

Синадиновска Арсовска: Еден прст покажан кон виновникот покажува три прста вперени кон себе!

Во средината на летната сезона угостителските објекти кои се категоризирани за организирани настани се изненадени и затечени од одлуката на Владата по 16 август да стапи на сила забраната за организирани настани во внатрешноста на угостителските објекти. Во моментов сме вратени во една безизлезна ситуација од претходниот период кога беше побарано угостителските објекти да ги легитимираат гостите, за што не постои никаква правна основа. По 16 август се бара присуство на организирани настани но само со потврда за вакцинација, за што сметаме дека се прави огромна неправда и дискриминација на овој тип на екомски оператори кои цели 16 месеци беа под забрана за вршење на својата дејност, ова како реакција во пресрет на новите мерки кои владата одлучи да важат од 16 август го истакна Марија Синадиновска Арсовска од Иницијативниот одбор за организирани настани.

-Апсолутно дегутантно делување и обесправување на сите економски оператори од оваа дејност. Не можеме да прифатиме ваква одлука во екот на сезоната на организирани настани, посебно во време кога границите за проток на туристи и патници се отворени ,без никаква потреба од приложување за потврда за вакцинација или негативен PCR тест. Воедно да посочиме дека кампањата за потребата за вакцинација во овој сектор па и на ниво на целата држава речиси е целосно отсутна. Апелираме до сите економски оператори и гости во угостителските објекти на максимално почитување на постоечките мерки за заштита од Ковид вирусот предложени од страна на Комисијата за Заразени Болести кои се преточени во моменталниот протокол за работа и воедно се надеваме дека Владата ќе ги усогласи своите ставови согласно земјите членки на Европската Унија каде што забраната за организирани настани е отстранета и заменета со потврда за имунизација на вработените и гостите во угостителските објекти или со приложување на негативен ковид тест во затворените делови каде што истата мерка важи и за сите економски оператори кои ја вршат својата дејност во затворен простор како шопинг молови, банки, јавен превоз и друго, потенцира таа.

Синадиновска Арсовска во својата реакција истакнува дека во моментов се соочуваме со масовно откажување на закажаните свадбени прослави и нивно одлевање во приватни куќи,дворови и викендици, каде што нема да има никаква можност за спроведување на веќе донесениот протокол за работа во оваа дејност.

 

Најнови вести