петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синдикат на културата започнува штрајк поради непотпишување на колективен договор

Синдикат на културата започнува штрајк поради непотпишување на колективен договор
МИА

Синдикат на културата соопштува дека во вторник (24.12.2019) започнува со штрајк.

-Информираме дека СКРМ започнува со штрајк на 24.12.2019 година заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 г. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка, се наведува во соопштението.

Од СКРМ додаваат дека штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар.

-Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања. Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена, се наведува во соопштението.

Најнови вести