петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синдикат на РЕК: Работодавачот на АД ЕСМ спречува слободно синдикално делување, здружување и одлучување

Синдикат на РЕК: Работодавачот на АД ЕСМ спречува слободно синдикално делување, здружување и одлучување

„Државниот инспекторат за труд ја поништи како незаконита, одлуката на АД ЕСМ за распоредување на работа во Кичево од Скопје, на Димче Грков, Претседател на Синдикалната Организација Енергетика при АД ЕЛЕМ. Ова е уште една потврда, на она што го говориме, дека работодавачот АД ЕСМ (ЕЛЕМ), спречува слободно синдикално делување, здружување и одлучување, што е потврдено и со повеќе правосилни судски пресуди во корист на синдикатот.
Дали раководството на АД ЕСМ ќе почне да ги почитува законите и донесените одлуки, НЕ , НЕ ГИ ПОЧИТУВА И НЕ ПОСТАПУВА ПО ИЗВРШНИ ПРЕСУДИ И ДОНЕСЕНИ РЕШЕНИЈА ОД ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРАТ.

ССЕРИ, најстрого го осудува непочитувањето на владеењето на правото и очекува реакции од повисоки инстанци.“

Извор: Синдикатнарек.орг.мк

Најнови вести